Еурофарм Пелистер без проблеми со Голден Арт

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, оправдувајќи ја фаворитската улога, без апсолутно никакви проблеми дојдоа до гостинска победа со Голден Арт во 9. коло од Суперлигата на Македонија.

Во Групата Б од Суперлигата, Еурофарм Пелистер ја запиша и својата осма победа сезонава, славејќи со 18-31 (7-12) на гостувањето против Голден Арт.

По почетната неизвесност на мечот, битолчани во вториот дел од првото полувреме создадоа предност за 7-12 на полувремето. Во вториот дел и низ уште подоминантна игра, Еурофарм Пелистер, и покрај тоа што играше без Кизиќ, Велковски и Хосни, на крај дојде до убедлив триумф од 13 гола разлика (18-31).

Голден Арт, пак, го запиша шестиот пораз сезонава, останувајќи на три победи досега низ шампионатот.

Се вчитува...