Еурофарм Пелистер ги дозна „ривалите“ за вајлд – карта во ЛШ, Вардар сигурен учесник

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер официјални ги дозна „ривалите“ за добивање „вајлд-карта“ за настап во Лигата на шампионите. ЕХФ ги потврди десетте директни учесници во елитното натпреварување, но исто така и клубовите кои се наоѓаат на листа на чекање.

Покрај Еурофарм Пелистер, клубовите ПИК Сегед, Висла Плоцк, Адемар Леон, ГОГ, Нант и Спортинг Лисабон аплицираа за вајлд – карта како второпласирани во нациионалните првенства, а имаат конкуренција и од шампионите Бешикташ, Мотор Запорожје, Елверум, Целје, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Мешков Брест.

Директен пласман во новиот формат од Лигата на шампионите обезбедија македонскиот шампион Вардар, ППД Загреб, Барселона, Киелце, Кил, Веспрем, Порто, Алборг, Фленсбург и ПСЖ.

Европската куќа на ракометот до 19 јуни треба да одлучи кои шест екипи ќе добијат дополнителна шанса да бидат дел од ЛШ.

Се вчитува...