Еурофарм Пелистер ги задржа Ојлески и Маркоски (ФОТО)

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска ги продолжи договорите со Гоце Ојлески Никола Марковски на уште една сезона со што битолскиот тим полека завршува со комплетирањето на составот за следната сезона.

Овие два ракометари пристигнаа во редовите на „зелено-белите“ во 2017, односно 2018 година и имаа голем допринос кон враќање на битолскиот состав при врвот на македонскиот ракомет.

„Нашиот клуб од година во година расте и амбициите се поголеми. Пред неколку години игравме во пониската лига, сега настапувавме во Лига Европа и мислам дека успешно се претставивме. Нема тука да застанеме, амбициите за следната сезона се поголеми и се надевам дека ќе оствариме поголеми успеси. Не ја криеме амбицијата да ја донесеме титулата во Битола. Годинава не успеавме, но се надевам дека следната сезона со уште подобар тим, ќе го оствариме тој чекор“, изјави Ојлески.

Се вчитува...