Еурофарм Пелистер го потпиша „екс-металургот“ Обрадовиќ

Поранешниот ракометар на Металург, Немања Обрадовиќ, е ново засилување на Еурофарм Пелистер по потпишаниот договор за едногодишна соработка, за натпреварувачката сезона 2021/2022.

Србинот имаше извонредна сезона во мак-ракометот, се наметна како еден од лидерите на Металург, но потоа влезе во конфликт со управата на клубот и на крајот замина во редовите на Висла Плоц.

Обрадовиќ доаѓа од ППД Загреб, клуб за кој настапуваше во сезоната 2020/21. 30-годишниот лев бек има огромно искуство од настапите во неколку национални првенства во Европа, а исто така играл со неколку клуба и во Лигата на шампионите. Обрадовиќ е роден во Крушевац, а во српската лига ги носел дресовите на Напредак, Јагодина и Металопластика. Првото интернационално искуство беше во Франција, каде играше за Валанс, од каде во 2016 година премина во Металург.

По настапите во Автокоманда, Обрадовиќ настапуваше за Висла, Мешков Брест и ППД Загреб. За српската репрезентација настапи на 20 натпревари и постигна 26 гола.

Се вчитува...