Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со Костески до 2025 година

РК Еурофарм ја известува јавноста дека го продолжи договорот со ракометарот Ненад Костески. Од битолскиот клуб истакна задоволство од соработката со ракометарот и во иднина, со верба за заеднички радости и успеси.

Костески дојде пред три години од ППД Загреб, и сега ја продолжи верноста со битолчани до 2025 година.

„Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола. Наскоро ќе ја дознаеме групата во Европската лига, сите ја очекуваме. Ќе биде тешко, но ние имаме тим и капацитет, па се надевам дека ќе ја минеме групната фаза и ќе продолжиме понатаму“, рече Костески.

Се вчитува...