Еурофарм Пелистер ја доби драмата со грчки АЕК: „Жесток“ пресврт за триумф и финале на „Струга 2022“

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со извонредна игра во второто полувреме и самиот финиш на мечот славеа против грчки АЕК Атина со 27-26 (12-16) за финале на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022“.

Грците имаа далеку подобри воведни 30 минути, па на полувремето заминаа со предност од 12-16.

Но, „пелистерци“ одиграа фуриозен втор комплетно надигрувајќи го противникот. Во последните пет минути се влезе израмнето, за да Марио Танковски постигне два клучни гола со кои Еурофарм Пелистер ја најави и потоа ја осигура победата.

Претходно, во денешната програма на „Струга 2022“, Алкалоид и Бутел ремизираа (26-26). Алкалоид до ремито дојде со пенал во последните секунди од мечот, откако Бутел на полувремето имаше предност од 13-14.

Екипата на Татран Прешов го прегази тимот на Струга, победувајќи со 36-21 во последниот меч од групата А.

Се вчитува...