Еурофарм Пелистер кажа „збогум“ на девет ракометари

Веднаш по завршувањето на сезоната во Суперлигата, РК Еурофарм Пелистер им се заблагодари на деветте ракометари кои ова лето ќе го напуштат клубот и ќе имаат нови средини. Покрај нив, од клубот заминува и тренерот Жељко Бабиќ.

Така од Битола и дефинитивно за минуваат Секељи, Табоада, Обрадовиќ, Мандалиниќ, Периќ, Мараш, Божиќ-Павлетиќ, Граџан и Маркоски. Дел од нив имаат истечен договор, дел заминуваат во други клубови со обестштетување.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека девет ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот или со платено обештетување. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат: Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски. Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство.“, се вели во соопштението на Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...