Еурофарм Пелистер ќе го „реновира“ тимот за ЛШ: Седум ракометари летово си заминуваат од Битола

Еурофарм Пелистер ја заокружи успешната сезона во која беше освоен шампионскиот трофеј со заедничка вечера, на која „пелистерци“ меѓу другото и се збогуваа од ракометарите кои во следната сезона нема да бидат дел од овој клуб.

„Со заеднички спомени, многу емоции и свечени подароци Еурофарм Пелистер се раздели со ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот: Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски“, објави Еурофарм Пелистер по синоќешната прослава.

Битолчани во изминатиот период потпишаа нови договори со речиси сите македонски репрезентативци во својот состав, но повеќе од јасно е дека за учество во ЛШ наредната сезона ќе им бидат неопходни уште поквалитетни странци, за пресметките со најдобрите тимови во Европа.

За очекување е во наредните два месеци Еурофарм Пелистер да потпише договори со неколку врвни засилувања, со кои тимот ќе покаже решеност да се задржи на тронот во мак-ракометот, но и достојно да го претставува истиот во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...