Еурофарм Пелистер ќе плати 60.000 денари, суспензија за прилепските судии

Еурофарм Пелистер ќе мора да плати 60.000 денари како казна за однесувањето на навивачите на битолскиот клуб на неделното дерби со Вардар. Дуелот во голем дел мина во спортска атмосфера, но битолчани ќе мора да го одврзат кесето поради лоша органиација, неспортско навивање, како и фрлените тврди предмети на теренот.

За одбележување е и суспензијата од шест месеци што им беше изречена на прилепските судии Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески, по слабата арбитража и грешките на последниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш.

Се вчитува...