Еурофарм Пелистер подготовките за новата сезона ги почнува на 18. јули

Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Пелистер стартот на подготовките за новата сезона ќе го има на 18. јули. Новиот стратег на битолчани е во Битола каде ќе биде неколку дена како би се запознал со условите за работа.

Официјално првата прозивка ќе ја има на 18. јули, кога тимот ќе го комплетира ростерот за новата сезона. Како дел од подготовките „зелено-белите“ ќе бидат дел од традиционалниот турнир во Струга, а во август месец веќе ги очекуваат првите предизвици во СЕХА лигата.

Досега Еурофарм Пелистер се засили со голманот Урбан Лесјак, пикерите Жарко Пешевски и Денис Василев, како и бековите Руди Сери, Вилсон Дејвис и Усама Хосни.

Се вчитува...