Еурофарм Пелистер поуспешен во битолското дерби

По болниот пораз од Вардар, Еурофарм Пелситер барем за момент ја залечи раната откако со 27-30 (10-15) го доби битолското дерби против Еурофарм Пелистер 2.

Дуелот беше цврст, коректен и натпреварувачки, а квалитетот и долгата клупа на фаворитот дојдоа до израз. Фаворизираните гости предноста ја направија уште во првото полувреме, со што си ја олеснија работата во вториот дел.

Иако во последните минути домаќините сериозно ја намалија разликата и влегоа во страотна серија, намалувајќи од 17 – 25 на само три гола разлика, сепак, времето за пресврт им беше кратко.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер обезбедија нова победа во рамки на плеј-офот од македонската ракометна лига. Кај домаќините се истакна Филип Арсеновски со седум гола, кај гостите Стипе Мандалиниќ со девет гола.

Се вчитува...