Еурофарм Пелистер пред потпис со суперталентот Емилијан Ѓорговски

Еурофарм Пелистер продолжува и со инвестирањето во квалитетни млади македонски ракометари, откако битолчани влегоа во завршна фаза од преговорите со Голден Арт КЛ7 за ангажман на Емилијан Ѓорговски.

Станува збор за играч кој важи за еден од најталентираните македонски ракометари, кој на 19-годишна возраст беше повикан од селекторот Лазаров во сениорскиот состав на репрезентацијата. Ѓорговски потоа настапи и за Б-репрезентацијата на двомечот со Србија во Ниш, а летово се најде на листата со желби на неколку македонски екипи.

Тој се уште е под договор со Голден Арт КЛ7, но Еурофарм Пелистер е на добар пат да постигне целосен договор и да го комплетира трансферот на младиот „бомбардер“. Планот на битолчани е тој првата сезона да ја мине во тимот на Еурофарм Пелистер 2 под водство на тренерот Јовиќ, по што подоцна би бил прекомандуван и во првата екипа.

Се вчитува...