Еурофарм Пелистер против Партизан ја стартува новата авантура во СЕХА

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер со гостувањето кај српскиот Партизан ќе ја стартува новата сезона во регионалната СЕХА лига. По одличниот настап во првиот дел од сезоната во домашното првенство и Лигата на Европа, битолчани со голем оптимизам влегуваат и во регионалното натпреварување.

Ракометарот на „пелистерци“ Дејан Кукуловски пред мечот со Партизан вели дека иако не им е познат противникот тие целат на победа на секој меч.

„Партизан е непознат противник за нас. Сепак, наша цел е победа и добро се подготвуваме за овој натпревар. Добредојден ни е овој натпревар пред продолжувањето на Лига Европа. Можеме далеку да стигнеме оваа сезона во СЕХА лигата. Добро сме подготвени и против секој ривал играме на победа. Се надевам дека ќе стигнеме до добар резултат сезонава“, изјави Кукуловски.

Натпреварот меѓу Партизан и Еурофарм Пелистер е со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...