Еурофарм Пелистер рутински против Радовиш

Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер стигна до нова победа во новата сезона, откако во 4. коло од Суперлигата славеше рутински на гостувањето кај Радовиш со 21-37.

Гостите на овој меч уште од самиот старт почнаа фуриозно и веќе по првите 30 минути игра имаа предност од осум голови 12-20. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 21-37.

Костески со осум гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Вјештица постигна девет погодоци.

Се вчитува...