Еурофарм Пелистер убедлив против Јуниор

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се зацврстија на првото место на табелата во својата суперлигашка група откако вечерва славеа лесно и убедливо над Јуниор Кисела Вода со резултат 38-20. Заморот од силното темпо на натпревари и убедливиот пораз од Фуксе Берлин во Лигата на Европа не остави никаква трага врз настапот на битолчани, кои од самиот старт наметнаа темпо што гостите од Скопје не можеа да го следат.

Од самиот почеток се играше ефикасно, а битолчани експресно поведоа со 5-1, потоа и со 7-2. Разликата се одржуваше до пет гола само со 10-5, по што Еурофарм повторно додаде гас, продолжи да доминира на двете страни од теренот и на одмор замина со убедливи 19-11. Првото двоцифрено водство „пелистерци“ го имаа при 25-15, но избраниците на тренерот Валтер не застанаа тука, продолжија да го полнат голот на противникот и на крајот го добија овој натпревар со конечни „плус осумнаесет“.

Хененберг беше најефикасен во таборот на битолчани со седум гола, по шест постигнаа Костески и Стоилевски, додека по шест гола за гостите од скопска Кисела Вода постигнаа Симоноски и Митровиќ.

Се вчитува...