Еурофарм Пелистер убедлив против „помладиот брат“ (ФОТО)

Лидерот во Суперлигата на Македонија, екипата на Еурофарм Пелистер сосема очекувано славеше убедлива победа против „помладиот брат“ Еурофарм Пелистер 2 во 4. коло од суперлигашкото натпреварување.

Еурофарм Пелистер триумфираше со 39-18 во натпревар кој беше решен уште во првото полувреме.

Од самиот старт големиот фаворит тргна агресивно во желба брзо да го реши натпреварот, и така беше уште пред полувремето кое Еурофарм Пелистер го доби со 19-9.

Во второто полувреме само рутински се одржуваше и зголемуваше предноста за конечна победа од 21 гол разика.

По овој триумф, Еурофарм Пелистер се зацврсти на врвот од табелата со пет бода предност во однос на второпласираниот Вардар, кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...