Еурофарм Пелистер убедливо со Бутел за седма победа сезонава (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер без никаков проблем стигнаа до седмата победа сезонава во Суперлигата, триумфирајќи со убедливи 27-20 во првиот натпревар од  8. коло во шампионатот против екипата на Бутел.

Од почетокот на натпреварот битолчани јасно ја демонстрираа фаворитската улога на мечот, наметнувајќи победнички ритам од стартот со континуирано зголемување на предноста уште од првата минута. Бутел цели осум минути на почетокот од мечот не успеа да постигне погодок, Еурофарм поведе со 4-0, па сето тоа во раната фаза од мечот го навести победникот. Домашните ракометари првото полувреме го завршија со предност од 16-7.

Во второто полувреме ракометарите на Еурофарм Пелистер играа далеку порелаксирано, со постојана ротација на составот од страна на Жељко Бабиќ и шанса за сите играчи, но предноста и победата во ниту еден момент не беа доведени во прашање. На крајот сето тоа за заокружување за конечни 27-20.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стипе Мандалиниќ со 11 гола, а голманот Секељи заврши со седум одбрани. Најефикасен кај Бутел, пак, беше црногорскиот интернационалец Мајиќ со девет погодоци а Младеновски постигна четири.

Еурофарм Пелистер по осум натпревари има седум победи и еден пораз, а Бутел го запиша и третиот пораз сезонава, наспроти досега пет победи.

Се вчитува...