Еурофарм Пелистер во финишот спречи сензација против Охрид

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер спречи вистинска сензација откако вечерва на домашен терен во крајно неизвесен и тензичен натпревар славеше над Охрид со 31-27.

Гостите од Охрид одиграа неверојатно во првото полувреме во кое во еден момент имаа и плус три (10-13), но до паузата актуелниот шампион успеа да го врати мечот во егал и по 30 минути на семафорот да стои 17-17.

Големата борба продолжи и во второто полувреме. Охриѓани во ниту еден момент не попуштија па во последните седум минути влеговме со реми 25-25. Следуваа два гола во низа за домаќините со кои за првпат во мечот стигнаа до плус два (27-25) на пет минути до крајот на мечот. Избраниците на Бранко Ангеловски успеаја да ја задржат предноста и на крајот да стигнат до конечен триумф од 31-27.

Филип Кузмановски со девет гола беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Гоце Ојлески постигна седум гола.

Се вчитува...