Еурофарм Пелистер во „невозможна мисија“ во Белорусија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска во 16 часот повторно ќе излезат на мегдан со Мешков Брест, во обид да ја надополнат негативата од четири гола што ја имаат од првиот меч што двата тима го одиграа во Битола.

Тоа беше натпревар на кој белорускиот првак имаше целосна контрола и заслужено триумфираше, но битолчани не допатуваа со бело знаме. Напротив, избраниците на тренерот Бабиќ делуваат мотивирано да дадат се од себе на теренот и да се обидат да го изненадат големиот фаворит.

„Загубивме, но не со голема разлика за да се откажеме. Напорно работевме неделава, нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат. Мешков Брест е квалитететн тим. Сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат играчи од калибарот на Скубе, Кашпарек, Ваилипау. Имаат квалитетни индивидуалци, но не значи дека ние немаме доста квалитетни играчи и најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи“, изјави голманот Кизиќ.

Се вчитува...