Еурофарм Пелистер го потпиша Денис Василев

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека потпиша перманентен договор со Денис Василев, руски репрезентативец и еден од најреспектабилните кружни напаѓачи на контитентот.

28-годишниот Василев доаѓа во Битола на почетокот на следната сезона и веќе летово ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на подготовките. Тој се обврза на двегодишен договор, заклучно со јуни 2024 година.

196-сантиметри високиот и 95-килограми тешкиот Василев е дете на Динамо Астрахан, го носеше дресот на Чеховски Медведи и ги освои сите трофеи во рускиот ракомет, а потоа една сезона мина и во француски Шартр.

Во тековната сезона во дресот на Мотор постигна 27 гола во некомплетната групна фаза на Лигата на шампионите за украинскиот првак.

Василев е стандарден член на руската репрезентација, а на Светското првенство во Египет постигна девет погодоци.

Се вчитува...