Еурофарм Работник поразен од Кокс (23-21) во Финска

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник го доживеа седмиот пораз во Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето во Финска против Кокс со 23-21. Ова го остави Еурофарм на последната позиција на табелата со четири освоени бода. Кокс успеа да возврати за минималниот пораз во Битола (31-30) пред еден месец и стигна до третиот триумф.

Тимот на Стевче Алушовски имаше два гола позитива во текот на првиот дел (6-8 и 7-9), но во завршницата им дозволи на Финците да стигнат до израмнување (13-13). Во вториот дел, и двете екипи екстремно тешко пронаоѓаа начини да постигнат погодок.

Еурофарм повторно се одлепи со два гола предност (16-18), но Кокс израмни на 20-20, а потоа и поведе со 22-21. Во овој период, битолскиот состав не успеа да погоди цели седум минути, а Кокс тоа знаеше да го искористи. Јотиќ го имаше ударот за да донесе реми, но Шицко го одбрани неговиот шут од девет метри. Сириала на крајот го постави конечниот резултат, 23-21.

Тиму Таминен со шест гола беше најефикасен ракометар на мечот и прво име кај домаќинот. Ловро Јотиќ постигна пет гола, а Остроушко еден погодок помалку во тимот на Еурофарм Работник.

Се вчитува...