Еурофарм Работник се засили со Србинот Ивановиќ

Македонскиот ракометен клуб Еурофарм Работник продолжува со ангажман на нови засилувања. Најново име во ростерот е 20-годишниот десен бек од Србија, Никола Ивановиќ. Тој е млад ракометар, роден во Суботица, кој се наметна во Црвена Звезда и во Партизан, а го носеше дресот и на младата репрезентација на Србија.

Како што информира Еурофарм Работник на својот официјален сајт, овој талентиран ракометар веќе го потпишал договорот и наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Илија Темелковски и стручниот штаб. Еурофарм Работник од следната сезона ќе настапува во квалификациите за ЕХФ Купот.

Се вчитува...