Еурофарм Работник со Острoушко по изненадување против Спортинг во дебито во ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Работник од 17 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ против португалски Спортинг ги очекува историското деби во Лигата на шампионите.

Максимално позитивно е расположението во тимот, и покрај свесноста дека противникот ја носи отворената фаворитска улога. Но, во тимот на Стевче Алушовски веруваат дека може да се надигруваат со Португалците.

„Нашата желба секако е да го изненадиме Спортинг кој е фаворит пред оваа пресметка. Задоволство е што во тимот ќе го имаме Остроушко, кој ќе добие шанса на натпреварот иако е без натпреварувачки ритам“ – вели Алушовски пред денешната пресметка.

Веќе се познати и составите на двата тима. Како што најави Алушовски во составот на Еурофарм Работник е засилувањето Владислав Остроушко, но ќе ги нема голманот Градимир Чаневски и десниот бек Михаил Петровски.

Се вчитува...