Еурофарм Работник со победа од 25-23 над водечкиот тим во групата, шпанската Бидасоа Ирун, го завршува настапот во дебитантската сезона од ракометната Лига на шампионите. Битолскиот тим со биланс од три победи и седум порази го комплетира групниот сегмент. Претходно забележа победи и над Савехоф и над Кокс.
Еурофарм Работник имаше одличен период во финишот од првото полувреме кога со серија од 4-9 ја намали предноста на противникот само на еден гол до полувремето. Потоа во вториот дел беше неизвесно се до 50. минута кога Еурофарм побегна од минималниот еден гол предност и до крајот успешно се одбрани за триумф и за успешен крај на настапот во елитнотт натпреврување.
Остроушко со осум гола беше прв стрелец во победата, Марковски и Ѓукиќ постигнаа по четири. Градимир Чаневски имаше солидно издание со 11 одбрани.
Еурофарм Работник сезоната ја завршува со шест собрани бода во десетте одиграни кола и секако е на дното од табелата во неговата конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА