Еурофарм Работник во ЕХФ Купот ќе игра во групата Б со Хановер, Татабања и со Нексе , беше одлучено со денешната ждрепка во Виена.
Отпадна битолската пресметка во ова европско натпреварување бидејќи Романска Констанца која беше предводи Звонко Шундовски, а во составот се Никола Митревски и Велко Марковски, се падна во групата Ц со Порто, Холтесбро и Куенка.
Најинтересно ќе биде во групата А во која се бранителот на титулата Фуксе Берлин, ланскиот финалист Сан Рафаел, шпанска Ла Риоха и унгарскиот Балатонфуреди.
Четирикратниот европски шампион Кил кој прв пат сезонава игра во ЕХФ Купот, за противници во групата Д ги има Гранолјерс, Азоти Пулави и ГОГ.
Македонкиот претставник во својот деби настап обезбеди учество во групната фаза од ЕХФ Купот со две победи против швајцарскиот Берн (29-19, 30-28) во последното квалификациско коло.
Натпреварите од групната фаза во ЕХФ Купот почнуваат на на 9 февруари наредната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА