Еуроникел ја прекина триумфалната серија на Пелистер, лесни победи за Кожув и за Куманово

Во драматичен натпревар во Битола, Еуроникел  го совлада Пелистер со 82-88 по прдолжение од пет минути откако регуларните 40 минути завршија без победник 78-78. Кавадаречкиот состав беше подобар во дополнтелните пет минути кои му припаднаа со 4-10. Еуроникел ја прекинува серија од три последовни победи на Пелистер, дојде до осмата победа сезонава и со 19 бода е на третото место на табелата зам МЗТ и Гостивар кој исто така има 19 бода. Пелистер има 16 бода, доволни само за седмата позиција на табелата.

На 11 секунди пред крајот од регуларниот дел, Антон Казарносвки со тројка му овозможи продолжение на Пелистер. Претходно по израмнетото прво полувреме кое со три позитива му припадна на Еуроникел, Пелистер се врати во третиот период, имаше минимална предност која гостите ја надополнија во завршниот сегмент и со минамална предност  влегоа во финшот. Казарновски беше прв стрелец кај Пелистер и на натпреварот со 31 поен, Ѓорѓе Каплановиќ постигна 23 за Еуроникел.

Во последното коло за оваа година, рутински победи забележаа Куманово и Кожув. Кумановци славеа со 97-71 во дуелот со Академија ФМП, а Кожув беше подобар од Вардар со 87-67. И за Куманово и за Кожув ова беа седми сезонски победи, двете екипи имаат по 18 бода. Марјан Јаневски го предводеше Куманово до тирумфот со 25 поени, кај кожув прв стрелец беше Предраг Пајиќ со 20 поени.

Се вчитува...