Еванс: Ѓоковиќ ме изнервира со еден потег, морав да го победам за да му вратам

Даниел Еванс не ја крие гордоста по големиот триумф над Новак Ѓоковиќ во третото коло од Мастерс-турнирот во Монте Карло, со кој му го нанесе на прворангираниот светски тенисер првиот пораз во 2021 година.

Самиот настап против светскиот рекет број 1 е мотив сам по себе, но Еванс по мечот открил дека бил дополнително мотивиран поради односот на Србинот пред почетокот на средабата.

„Ѓоковиќ ме изнервира со една работа, ме остави да чекам подолго во соблекувалната пред да излеземе на загревање. Во моментот бев многу нервозен, па го искористив тоа за мотивација. Цело време си велев дека не сум без шанси, дека тоа е дуел „Еден на еден“ и дека можам да победам, што на крајот се оствари“, истакна Еванс.

Британецот обелодени и која тактика ја користел за да стигне до скалпот на првиот светски рекет.

„Ова е триумф што ќе го прераскажувам на своите деца, на внуците, дека сум го победил најдобриот во светот. Клучот на поедата е да верувате дека навистина го можете тоа, не само да зборувате, туку навистина да имате верба дека можете да го победите. Задоволен сум како влегов во мечот, како одиграв“, изјави Даниел Еванс.

Се вчитува...