Еве како ја победија Германија: Мексикански благослов – на телевизор (видео)

Мексиканците одиграа фантастично прво полувреме против Германија, во второто имаа и малку среќа, па во првото коло од мундијалот го зедоа скалпот на бранителот на трофејот. Секоја чест на селекторот и на фудбалерите, но сигурно свој придонес даде и овој ритуал, со која една Мексиканка ги благословуваше своите фудбалери преку екранот на телевизорот.

Чудно е, нема што, но кога станува збор за мундијалски меч се користат сите методи, конвенционални или спиритуални.

Се вчитува...