Еве колку ќе заработи Матиќ за олимпиското злато за Хрватска

Барбара Матиќ го донесе првото олимписко злато на Хрватска на Игрите во Париз, откако 29-годишната џудистка во голем стил ги победи сите ривали во категоријата до 70 килограми.

Ова големо достигнување ќе значи и сериозна наградата за Матиќ, која ќе добие еднократна премија од 41.000 евра. Покрај тоа, џудистката се здобива и со право за спортска пензија, која се активира по полнењето на 40 години и изнесува од 40 до 100% од хрватската просечна нето плата, во зависност од бројот на медали и од силината на натпреварувњето.

Ова беше прво олимписко злато за Матиќ во нејзиното трето чучество на ОИ, откако таа претходно стигна и до две титули на светските првенства, а годинава се закити и со признанието европка шампионка.

Се вчитува...