Еве проблем за Милевски: Јаховиќ се повреди пред репрезентативниот собир

Проблем за селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски пред собирот на националниот тим за дуелите со Ерменија и со Исланд. Адис Јаховиќ се повреди на денешниот настап за Гезтепе против Коњаспор, и мораше да го напушти теренот уште во 16. минута.

Засега не е позната тежината на повредата на македонскиот напаѓач, но дополнителните анализи ќе дадат одговори на многу прашања. Меѓутоа самиот факт што Јаховиќ морал да излезе, е дека станува збор за нешто за кое мора да следува пауза.

Несметањето на Јаховиќ на дуелите со Ерменија и со Исланд, ќе треба да значи повикување на нов напаѓач во националниот тим, или, пак, можеби Милевски ќе се одлучи да не повикува нов играч. Во секој случај ќе се види прво од каква природа е повредата на Јаховиќ, а потоа да реагира селекторот.

Се вчитува...