Еве зошто го бараат Ливерпул и Реал: Две ремек-дела на Чуамени за Монако (видео)

Орелиен Чуамени е новата фудбалска суперѕвезда што блеска во дресот на Монако, а францускиот играч за врска своите квалитети ги докажа и на денешното гостување против Лил, на кое постигна два прекрасни погодоци.

Чуамени реализираше фантастично со левата нога од околу дваесет метри, носејќи го Монако во водство од 0-1 во првиот дел, а откако Лил израмни, овој фудбалер повторно ја презеде одговорноста, овојпат со проектил од над 25 метри, со десната нога сместувајќи ја топката во долниот агол од голот на домаќините.

Дефинитивно станува збор за играч пред кого е блескава иднина, па Монако неслучајно бара минимум 50 милиони евра за неговите услуги, за кои најзагреани се финалистите од Лигата на Шампионите, Реал Мадрид и Ливерпул.

Се вчитува...