Еве зошто Мурињо не е во право – судиите не згрешија со пеналот на Мбапе

Реал Мадрид доби идеална шанса да стигне до израмнување во судиското продолжение по досудениот пенал врз Винисиус, но Мбапе не успеа од белата точка да го совлада домашниот голман. Судиите долго ја прегледуваа снимката во ВАР-собата поради влегувањето на Бартра во шеснаесетникот пред Мбапе да ја упати топката кон голот, но на крајот беше решено играта да продолжи.

Мурињо не криеше дека е разочаран од ваквата разврска сметајќи дека судијата морал да покаже пеналот пак да се изведе, но правилата се јасни – тренерот на Реал не е во право, а арбитрите ја донесоа вистинската одлука.

Бартра со голем дел од телото е внатре во шеснаесетникот, но клучно е што едната негова нога е на земја надвор од казнетиот простор. Според правилата на ИФАБ за сезоната 2026/27, пеналот во вакви ситуации треба да се повтори само доколку играчот е со двете нозе внатре во шеснаесетникот. Положбата на телото се гледа доколку во моментот на шут двете нозе на играчот кој влегува се во воздух. Во оваа ситуација, Бартра е со едната нога цврсто на земја, што само по себе е доволно за одлуката да биде исправна.

Се вчитува...