Еве зошто Роналдо доби црвен картон (ново видео)

Кристијано Роналдо не може да преболи што во 154. меч во ЛШ во кариерата, вечерва на „Месталја“ го заработи првиот црвен картон, и тоа на дебито во елитното европско натпреварување во дресот на Јувентус.

Во меѓувреме се појави и видео со фокус на шеснаесетникот на Валенсија во кое нешто подобро се гледа инцидентот. Се чини дека Роналдо го повлекува за увото Мурилјо, на што реагираат домашните играчи, целиот инцидент го гледа судијата крај гол-аут линијата, кој потоа пренесува што се случило на главниот арбитар Брих.

Погледнете што всушност се случуваше…

Се вчитува...