Евертон го купува Рамзи во јануари?

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Арон Рамзи, моментно е еден од најпосакуваните играчи на Островот со оглед дека влезе во последната година од актуелниот договор со „топчиите“. Тоа значи дека следното лето би можел да го напушти „Емирати“ како слободен агент, а на таков начин во своите редови би сакале да го видат многу европски гиганти како Реал Мадрид, Јувентус, Милан, па и конкурентите од Премиер – лигата, Манчестер јунајтед и Челси.

Но, Евертон има план да го доведе Рамзи веќе во јануари. „Карамелите“ се подготвени да платат 15 милиони фунти за да го купат одличниот играч за врска во зимскиот преоден рок. Арсенал секако дека би ја прифатил понудата, со оглед дека шест месеци подоцна ќе го загуби фудбалерот без никаква отштета.

 

Се вчитува...