Евертон го носи Стефан Ристовски во Премиер – лигата?

Англискиот премиерлигаш Евертон посакува да го ангажира македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Тој води преговори за нов договор со Спортинг Лисабон, но сега се отвора можност да ја продолжи кариерата во Премиер – лигата.

Евертон е во потрага по десен бек пред затворањето на трансфер – прозорецот во Англија, а менаџерот Марко Силва го посакува Стефан Ристовски. Евертон има намера прво да го позајми Македонецот на една сезона, а потоа комплетно да го откупи неговиот договор. Во меѓувреме, Спортинг Лисабон инсистира Ристовски да стави потпис на нова соработка со „зелено-белите“.

Се вчитува...