Евертон казнет за врбување млади играчи

Евертон заработе жестока казна поради кршење на правилата на Премиер лигата. Како што пренесуваат британските медиуми, клубот од Ливерпул ќе мора да плати казна во висина од половина милион фунти  и две години ќе ќе смее да носи млади играчи од другите академии.

Причина за ваквата казна е нивното преговарање со млади играчи кои веќе биле под договор со друг клуб. Раководството на Евертон тоа го правело без знаење на клубот од кој доаѓал играчот. И според тоа, оваа акција на Евертон е оценета како врбување на млади играчи и е санкционирана.

Евертон во наредните две години не ќе може да потпишува играчи на возраст од 10 до 18 години.

Познато е дека на „Гудисон Парк“ и во минатото излегувале вредни таленти. Најпознат меѓу нов е Вејн Руни, а во првиот тим на Евертон моментно се наоѓаат Том Дејвис, Доминик Калверт- Левин и Мејсон Холгејт.

Случајот за кој Евертон доби драстична казна датира од 2016 година кога се обидоа да донесат  еден од младите таленти од Кардиф Сити.

Се вчитува...