Евертон купи напаѓач од Милан, ништо од Несторовски…

Шансите за трансфер на Илија Несторовски во Евертон се сведени на теорија откако премиерлигашот од Ливерпул доведе голгетер од Серија А, избирајќи го Мбаје Нианг од Милан пред македонскиот репрезентативец. Роналд Куман инсистира што поскоро да ги доведе посакуваните засилувања, за да може да работи со нив од првиот ден од подготовките за новата сезона.

Иако долго време во комбинација за трансфер на „Гудисон парк“ беше и Несторовски, Куман на крајот сепак се реши за доведување на Нианг. Младиот офанзивец не се прослави при позајмицата во Ватфорд, каде за шест месеци постигна само два погодоци, но стратегот на Евертон сепак верува дека ќе успее да извлече многу повеќе од него отколку што тоа го стори Валтер Мацари. Со „росонерите“ беше договорена отштета од 17 милиони фунти, фудбалерот ги договори и личните услови, по што останува само уште промоцијата за овој трансфер да биде официјализиран.

Евертон е еден од најактивните клубови во Англија во овој преоден рок, откако „карамелите“ го доведоа голманот на Сандерленд, Џордан Пикфорд, како и капитенот на Ајакс, Дејви Класен, кој пристигна на „Гудисон парк“ во трансфер вреден 23,5 милиони фунти.

Се вчитува...