Евертон не можеше со Челси

Фудбалерите на Евертон во минатото коло „преживеаја“ на гостувањето против Манчестер сити (1-1), но тимот на Роналд Куман немаше сили да повтори сличен резултат и на денешното гостување во Лондон против Челси, каде актуелниот шампион славеше со 2-0.

Охрабрени по победата над Тотенхем минатото коло, избраниците на Антонио Конте одиграа одлично прво полувреме, во кое впрочем и ги разрешија дилемите околу победникот на оваа средба. Цеск Фабрегас го отвори резултатот, пред неговиот сонародник Алваро Мората да погоди со глава за водство од 2-0 пред крајот на полувремето, резултат со кој заврши овој меч на „Стемфорд бриџ“.

Во вториот меч што стартуваше во 14.30 часот ВБА и Стоук ремизираа 1-1.

Fabregas Goal – Chelsea vs Everton 1-0 27.08.2017 by sporttv724

Chelsea 2-0 Everton Second Goal Alvaro Morata 40′ by FootballHG

Се вчитува...