Евертон сака да го купи „наполитанецот“ Алан

Англискиот премиерлигаш Евертон сака да се засили со фудбалерот за врска на Наполи, Бразилецот Алан. Менаџерот Карло Анчелоти одлично ги познава неговите квалитети од периодот додека работеше во Неапол и ќе се обиде да го доведе во Премиер – лигата.

Евертон е подготвен да плати 60 милиони евра за Алан, а трансферот најверојатно ќе биде реализиран во летниот преоден рок. Бразилецот е еден од оние фудбалери кои паднаа во немилост на претседателот Аурелио де Лаурентис и се бунтуваа поради принципите на работа во клубот.

Покрај за Алан, Анчелоти се интересира и за Емре Џан од Јувентус, за кого Евертон ќе понуди 30 милиони фунти.

Се вчитува...