Евертон заинтересиран за Русинот Черишев

Фудбалската репрезентација на Русија оствари голем успех стигнувајќи до четвртфиналето на Светското првенство, а плодовите ќе ги берат самите фудбалери кои реализираат одлични трансфери. Александер Головин се пресели од ЦСКА Москва, а трансфер би можел да направи и Денис Черишев. За него е заинтересиран англискиот премиерлигаш Евертон.

Фудбалерот на Вилјареал на Мундијалот постигна четири гола и беше едно од најпријатните изненадувања, а падна во „окото“ на Евертон. Черишев претходно играше за Реал Мадрид, Севилја и Валенсија, а во Вилјареал е од 2016 година. Сега би можел да се испроба и во Премиер – лигата.

Воедно, „карамелите“ денеска го официјализираа трансферот на левиот бек Лукас Диње, кој за 18 милиони фунти пристигна од редовите на Барселона.

Се вчитува...