Евгениј Климов е првиот Русин кој победил на натпреварување од Светскиот куп во скијачки скокови. 24-годишниот натпреварувач за дебитанскиот триумф во кариерата прескокна 127,5 метри во првата и 131,5 метри во втората серија на воведното натпреварување во Висла со кое почна сезоната во скијачки скокови.
Должините на Климов беа најдобри и во двете серии и младиот Русин кој претходно во кариерата се натпреваруваше во нордиска комбинација, сосема заслужено дојде до триумфот најавувајќи сезона со нови имиња во овој спорт. Скокови за втората позиција имаше Германецот Штефан Лаје, а третото место го осови јапонскиот скокач Рјоју Кобајаши.
Светскиот куп продолжува следнот викенд со натпреварувања во финскиот центар Рука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА