Евра: Пике ми ги запали патиките, а јас му ги п*срав новите чевли

Поранешниот член на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, се потсети на лудата дружина на „црвените ѓаволи“. Во периодот кога сер Алекс Фергусон го предводеше тимот имаше максимална дисциплина на тренинзите, но, сепак, фудбалерите „лудувале“ во соблекувалната. Имало и подметнувања, смешни ситуации.

„Имаше такви моменти. Тие ми ги запалија моите нови патики, најнов модел од колекцијата „Најк“. Беше навистина смешно, а знаев дека е Жерар Пике. Но, и јас му се одмаздив. Ги земав неговите нови чевли, и се исп*срав во нив“, раскажа Патрис Евра, без нималку срам на „Скај Спортс“.

 

Се вчитува...