Поранешниот фудбалер на Јувентус, Патрис Евра е во екстаза поради трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во редовите на „Старата дама“.
37-годишниот Французин, познато е дека сака своите фанови на социјалните мрежи да ги шокира или насмее со урнебесни клипови.
Последен во низа е оној во кој во дрес на Јуве го повикува Роналдо посакувајќи му добредојде во редовите на неговиот поранешен клуб.
Контроверзниот Евра во ноември минатата година, пореди удирање навивач на Марсеј пред дуелот со Гимараеш во Лигата на Европа, беше избркан од францускиот клуб.
Потоа потпиша договор со Вест Хем во чии редови не стигна да настапи поради повреди, па клубот му го раскина договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА