Евро-гол, пет погодоци, пресврти… интересен тест на Лабуништа и Кораб во Струга

Второлигашите Лабуништа и Кораб одиграа интересен пријателски натпревар денеска во Струга кој го доби Кораб со 2-3 (2-1).

Кораб до триумфот дојде со пресврт во вториот дел, откако Лабуништа поведе со головите на Милески во 9. минута и Реџепи во 26. минута. Потоа, Целески во 30. минута намали на 2-1, до комплетен пресврт и триумф гостите дојдоа со погодоците во 86. и во 89. минута.

Се вчитува...