Еврогол, па самба – „Бум бум Балотели“ (ФОТО)

Вардаровиот Џонатан Боарето вечерва покажа зошто го носи прекарот Балотели, постигнувајќи гол во стилот на далеку попознатиот „Супер Марио“, во моментите кога тоа беше најпотребно за неговиот тим.

Бразилецот цел натпревар им создаваше главоболки на данските дефанзивци, пред погодокот промаши стопроцентна шанса, но кога по конфузноста на гостите топката му дојде на волеј, „Бум бум Балотели“ покажа зошто важи за најдобар напаѓач на македонскиот првак.

А Бразилецот потоа и знаеше како да го прослави својот прв гол во европските купови летово, со самба пред еуфоричните навивачи заедно со својот сонародник Фелипе.

IMG_4448

Се вчитува...