Eвроголот на Леао не беше доволен за победа на Милан над Аталанта (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан и Аталанта одиграа без победник 1-1 во дербито на 26. коло во италијанската Серија А.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со неверојатниот погодок на Рафаел Леао уште во 3. минута од мечот. Конечните 1-1 беа дело на Копмејнерс од пенал во 42. минута.

„Росонерите“ со ова реми остануваат на 3. позиција на табелата со 53 бода, додека Аталанта во моментов е на 5. место 46 бода, односно два помалку од четвртопласираната Болоња.

 

Milan 1-0 Atalanta – Rafael Leao 3′
byu/Meladroitdimage insoccer

 

Milan 1-[1] Atalanta – Teun Koopmeiners penalty 42′
byu/Meladroitdimage insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...