ЕВРОЛИГА: Анадолу „блесна“ во последната четвртина, Барселона го освои Белград

Се одиграа три натпревари од кошарската Европлига во која само Барселона оствари победа од гостинските екипи. Барса на гости во „жешкиот“ Белград, ја совлада Црвена звезда, благодарение на одличните настапи во првата и во третата четвртина каде ја направија разлика.

Барса одлично стартуваше и со 13:20 ја доби првата, а Звезда се врати во втората и победи со 18:14. Клучна за победата беше третата четвртина која Барса ја доби со 18:27, за во последната Звезда да сe доближи до негатива од три разлика, но немаше сили да направи пресврт и изненадување. На крајот победа на Барса од 69-76.

Анадолу на домашен терен триумфираше над Басконија, потешко од очекувањата. На крај триумф со 15 разлика (87-72), а клучната разлика беше напратена во последниот период кој го добија домашните со 11 поени разлика. Анадолу катастрофално го отвори натпреварот и првиот период го загуби, но се врати во вториот дел. Во третиот период направи само четири разлика, за на крај да дојде до +15. Мициќ беше најефикасен со 25 поени.

Фенербахче на свој терен лесно го „реши“ Макаби со 90-79. Натпреварот Фенер го реши во првите три четвртини кога дојде до огромна разлика, за на крај само да „попушти“ на крајот во последниот период. Централна фигура беше Букер со 22 поени, а Де Коло постигна 21.

Милано го совлада составот на Панатинаикос со 75:54. Во последниот меч, Реал Мадрид убедливо со 87:64 го порази составот на Алба.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...