ЕВРОЛИГА: Анадолу Ефес подобар од Баерн, Алба го совлада Панатинаикос

Актуелниот европски шампион Анадолу Ефес славеше на домашен терен против Баерн Минхен со 81-76 во заостанатиот натпревар од 19. коло во кошаркарската Евролига.

Првата четвртина која ја добија домаќините со плус седум (28-21) на крајот беше клучна и за конечен триумф од 81-76. Шејн Ларкин со 20 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Рубит заврши со 15 поени.

Во вториот вечерашен натпревар Алба Берлин на домашен терен славеше над Панатинаикос со 87-78. Да Силва со 16 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 27 поени на Недовиќ.

Се вчитува...