Евролига: Анадолу подобар од Реал Мадрид, победи за Барселона, Панатинаикос и Макаби

Во денешното дерби во кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес го совлада составот на Реал Мадрид, благодарение на одличната партија во последната четвртина. Иако во текот на целиот меч Реал Мадрид водеше, сепак, во последниот период Турците се разбудија и успеаја со пресврт да ги совладаат „кралевите“, и така да дојдат до 14. победа во сезоната. На моменти Реал имаше позитива од 13 разлика, па дури на стартот од четвртата четвртина и од 10 поени разлика, сепак, следуваше серија на Ефес со која на крајот дојдоа до победа 93-90.

Мициќ беше најефикасен со 29 поени, додека Дек кај Реал Мадрид постигна 23.

Барселона триумфираше на гостувањето во Берлин кај Алба со 95-79.  Најзаслужен за триумфот беше Миротиќ кој постигна 18 поени, а имаше и шест скокови. После него следуваше Куриќ кој даде 14 поени.

Панатинаикос на домашен терен без проблем го победи Баерн Минхен со 80-67, додека Макаби на свој паркет го доби дуелот со Милано со 75-58.

Се вчитува...