ЕВРОЛИГА: АСВЕЛ ја урна ЦСКА Москва, продолжува агонијата на шампионот

Француски АСВЕЛ продолжува со добрите игри сезонава во Евролигата. Французите денеска беа подобри и од рускиот гигант ЦСКА Москва со 70-68. Окобо со 14 и Фол со 12 поени беа најзаслужни за победата на АСВЕЛ, додека кај поразените Хекет заврши со 16 поени.

Агонијата на актуелниот шампион, Анадолу Ефес продолжи и на гостувањето кај Панатинаикос, каде Грците загубија со убедливи 95-69. Во двата шпанско/руски меча Реал беше подобар на гостувањето кај Зенит во Санкт Петерсбург со 68-75, додека Уњикс Казан на домашен терен ја совлада Басконија со 83-69.

 

 

Се вчитува...